21 January 2025
АктивностиАрхиваМакедонија

Водопади и слапови на Башибоска Река

оригинално објавено на: 02 June 2012

На 2 километри северно од селото Кочули  односно 14 километри  од градот Валандово на Башибоска Река се изградени неколку мали водопади и неколку слапа. Се наоѓаат на источната страна на планината Беласица од 750 до 800 м.н.в., а се распоредени еден над друг во должина од околу 200 м. Водопадите и слаповите се од ерозивно потекло, а се настанати како резултат на не еднаквото вертикално всекување на Башибоска Река. Височините на водопадите им се движи од 1 до 4 метри, додека еден од слаповите е со должина од 7 метри. Во подножјето на секој од нив има изградено џиновски лонци. Вкупниот број на овие водопади и слапови не се знае, а исто така можно  е да има и некој повисок водопад на некоја од притоките која ја формира Башибоска Река. Во овој дел на планината Беласица има уште многу што да се види, и за сите авантуристи да се прошета, истражи и воедно да се пронајде нешто ново.

Слика 1.
Слика 2.
Слика 3.

Подготвил: Глигорије Џилвиџиев