Висока временска варијабилност, а не тренд, доминира во врнежите во Медитеранот (нов труд во списанието Nature)
На 12 март оваа година во списанието Nature е објавен нов научен труд од областа на Климатологија од група автори предводени од проф. д-р Sergio Vicente Serrano од Универзитетот во Сарагоса, каде што коавтор е и д-р Иван Радевски, редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Трудот ги оспорува претходните проекции за генерален тренд на намалување на врнежите во Медитеранот, анализирани на три континенти и покажува дека количеството на врнежи во голема мера останало стабилно од 1871 до 2020 година. Иако постојат мултидецениски и меѓугодишни варијации, трендовите главно се поврзани со атмосферската динамика, а не со долгорочно намалување, што влијае на климатските политики и планирањето на ресурсите. Овој заклучок се заснова на најсеопфатниот достапен податочен сет за регионот, кој опфаќа над 23.000 метеоролошки станици во 27 земји. Иако за одредени периоди и подрегиони може да се идентификуваат трендови, нашите наоди ги припишуваат овие трендови главно на атмосферската динамика.

Извор: https://www.nature.com/articles/s41586-024-08576-6
Со оваа публикација Институтот за географија преку научната актива на професор д-р Иван Радевски има три коавторства во најпрестижните списанија во светот од кои 2 во Nature (импакт фактор 50,5) и 1 во Science (импакт фактор 44,7). Ваквите публикации имаат значително поголемо влијание во рангирањето на универзитетите од останатите трудови со фактор на влијание, како и за афирмацијата на Институтот за географија и Природно математичкиот факултет во Скопје. Освен овие публикации, во 2023 година проф. д-р Иван Радевски објави научен труд и во струковното престижно списание за науки за земјата Nature Geoscience (IF=15,7).
Линк од објавениот научен труд: https://www.nature.com/articles/s41586-024-08576-6
Подготвија:
М-р Арсе Кузманоски
М-р Емилија Маневска