6 November 2025
АрхиваСвет

Акапулко – градот на вечното лето

ригинално објавено на: 18 Feb 2013

Акапулко стекна популарност во 1950 година, кога го откриле американските туристи и стана конкуренција на Канкун, кој до тогаш бил главен туристички центар на источното крајбрежје на Мексико. Акапулко го прославија мериканските ѕвезди како што се Френк Синатра, Елвис Присли, Џуди Гарленд, како и американскиот претседател Џон Кенеди, кои летувале во овој град. Акапулко денес има совршено добар ноќен живот, преубави песочни плажи, но и ужасен сообраќај и досадни улични продавници. Град од половина милион жители, Акапулко е сместен на тесниот појас покрај морето, долг помалку од 1 километар, а од внатрешноста го делат високите стрмни планини, кои од двете страни го заобиколуваат заливот и од таму доаѓа свеж воздух. Zócalo, огромниот централен плоштад во историскиот центар на Акапулко, кој зафаќа површина од 240×240 метри е еден од најголемите во светот. Тоа е централната точка во градот, и место каде што најпрвин оди секој турист. Правилното име на плоштадот е Plaza de la Constitución, но локалното население го викаат Zócalo што значи пиедестал, место каде што требало да биде подигнат споменик на независноста. Споменикот никогаш не е направен, а пиедесталот е рушен, а населението сеуште плоштадот го викаат Zócalо. Кон крајот на 1980 година, локалната власт со намера да го ревитализира Zócalо и централниот кварт Colonia Central, редовно организирал уметнички и културни манифестации, а најпозната е Festival de México која се одржува во март. На плоштадот се наоѓа Catedral Metropolitana de la Asunción de María, најголема и најстара катедрала на двата американски континенти. Градена е во периодот од 1573 до 1813 година и одлично е зачувана.Тука мора да се посети некој од малите ресторани кои се доста ефтини. La Quebrada е најголема туристичка атракција на Акапулко – 45 метри високата карпа надвор од градот од која локалното население скока во морето помеѓу двете карпи. Тие мораат да скокнат во вистинскиот момент за да го фатат бранот, инаку во спротивно ќе настрадаат. Скокањето се организира еднаш попладне и неколкупати пред зајдисонце. За туристите има посебна платформа од која можаат да го набљудуваат скокањето, а истото може да се направи и од терасата на ресторанот La Perla. Isla de la Roqueta е мало островче до кое лесно може да се стигне со кајчиња од плажата Caleta или бродовите со стаклено дно од кои може да се набљудува внатрешноста на морето. На островот постојат добри плажи, ресторани, како и обележани патеки по кои може да се пешачи во природа.

Плажите се песочни и воглавно се сконцентрирани во длабочините на заливот, кај самиот центар на градот, паралелно со булеварот La Costera,а тука се наоѓаат и поголемиот број на хотели. Caleta е плажа омилена на семејствата со деца, затоа што тука морето е помирно и брановите се помалку жестоки.  Во градот и во блиската околина има околу десетина плажи, La Bonfil е плажа за сурфање, Hornos е во близина на центарот и морето е помирно.

Акапулко има тропска клима со дневна температура преку 30 степени целзиусови во текот на целата година. Во летните денови дождот е редовна појава, а зимата е во главно сува.

Градскиот автобуски превоз е добро организиран и е во рацете на приватници. Такси има насекаде, но не возат по таксиметар, па затоа најпаметно е да ја договорите цената однапред. Движење со сопствен автомобил е цесто фрустрирачко за странци, затоа што сообраќајот е хаотичен, тешко може да се најде паркинг, а улиците се често необележани.

Извор: http://www.b92.net/putovanja/destinacije

Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тодорче Тановски